Заев да намали со нервозата, кога прави штетни работи за државата нормално е дека ќе биде фатен, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.

-Не е работата опозицијата да биде спокојна, туку да нема фалсификат каков што спрема Заев. Заев сака да спроведе попис без поширока консултација на јавноста и без да ги прифати предлозите на опозицијата. Според начинот на Заев Македонија ќе преброи 3 милиона жители. Без примена а терминали за отисок од прст не може да се утврди реалната слика. Пописот е есенцијална статистичка операција и е важен за државата Заев не смее да го спроведува на принципот на талибански избори, како што тераше до сега. Талибански попис ВМРО-ДПМНЕ нема да признае, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.