Претседателот на Србија Александар Вучиќ за српски „Курир“ откри шокантни информации дека повеќе од една година бил прислушкуван и оти знае кој стои зад тоа. Тој вели дека за прислушувањето има докази.
-Не ги знам имињата на луѓето но знам кој стои, кој ме слушаше. Но да, мислам знам кој е. Јас не сум од тие кои пасионирано се занимваат со одмазда, но знам како изгледа тоа. Тоа за мене не ништо посебно-вели Вучиќ.
За ТВ Пинк пак изјави:
„Има само една мета, тоа е Александар Вучиќ и сите што се осмелуваат јавно да го поддржат“, рече Вучиќ за телевизијата и посочи дека од 2014 година трае кампања во која од неговото семејство се обидува да се направи копија на семејството на Слободан Милошевиќ.
Аферата прислушување на државниот врв беше спроведена и во Македонија откако се утврди немоќта и неспособноста на опозицијата да го смени Груевски и откако тој одби да ја преминува државата „ерга омнес“ на барање на Грција за Македонија да добие членство во НАТО.
Груевски тврдеше дека прислушувањето е странско сценарио во изведба на раузнавачот Верушевски. Прислушуваните материјали ги објавуваше Зоран Заев, кој подоцна беше инсталиран на власт за да го избрише македонскиот идентитет, при што лажно тврдеше дека новинарот Никола Младенов е убиен, дека ќе открие ја вистината за Мартин Нешковски, дека ќе ја открие вистината за Смиљковско езеро итн. Зад овие лаги на Заев застанаа учесниците во т.н. Шарена револуција.
Засега Вучиќ не објави докази за тврдењето дека е прислушуван, иако во Србија неколку пати постоеја млаки обиди за примена на „македонскто сценарио“.