Македонската машка одбојкарска репрезентација загуби вечерва од Бугарија со 3:1, на првиот од двата натпревари во Софија во рамки подготовките за претстојните евроквалификации.

Македонските одбојкари добро го отворија натпреварот во салата „Христо Ботев“, освојувајќи го првиот сет со 25:23, по што домаќините ја презедоа иницијативата и ги решија следните три сета во своја корист (25:18, 25:22, 25 :18).

Вториот контролен натпревар е закажан за утре, откако двете репрезентации на крајот од декември одиграа два меча во Скопје на кои триумфираа бугарските одбојкари.

Македонската репрезентација идната недела во Скопје ќе биде домаќин Турција и Босна и Херцеговина во квалификациската група за пласман на Европското првенство , закажано за крајот на летото во Полска, Чешка, Естонија и Финска.