Укинувањето на евтините летови на Визер е на директна штета на младите луѓе, кои со евтините билети имаа можност да прошетаат низ Европа, да ги посетат своите роднини и пријатели со помалку средства, рече денеска Томи Кепески од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ ветуваше подобри услови за младите, а се што прават е да ја враќаат државата назад во минатото. Наместо власта да бара и мотивира и други превозници, кои би отвориле многу дополнителни дестинации таа не бира начин да ги избрка постојните. Визер е компанија која годишно врши превоз на над еден милион патници во Република Македонија, со евтини билети на голем број дестинации во Европа. Голем број од тие патници меѓу кои повеќето млади луѓе за првпат се возеле со авион токму поради цената на билетите и широката лепеза на летови, рече тој.
Кепевски праша која е причината власта сега да удира по евтините летови, од кои бенефит видоа особено младите луѓе?
– Несериозни и смешни се и оправдувањата на министерот Сугарески дека тендерот е прекинат затоа што на пликото во кое било ставена тендерската документација не било напишано целото име и адреса на компанијата и тие претставуваат само евтин обид да се залаже јавност. Младите од оваа власт за повеќе од година дена колку управува со државата видоа само уназадување. Власта нема направено ниту еден проект за младите, се што ветија излажаа, а го ускратија и она кое што не го ветија. Ускратувањето на можностите на младите не е европска вредност. Уназадувањето на државата на сите полиња не не носи во ЕУ и НАТО. Додека СДСМ декларативно се залага за ЕУ во реалноста прават се за да не влеземе, вели Кепевски.