Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета одговори на прашање во врска со можното заминување на играчот за врска Месут Озил во јануари.

– Ако нешто се реши овој месец, тоа ќе биде така што ќе биде корисно за обете страни. Ова треба да биде добро и за Месут и за неговата иднина, и за клубот. Ако е така, ќе продолжиме понатаму, ако не, играчот ќе остане тука. Знаеме дека имаме многу важен играч, клучен играч од изминатите сезони за Арсенал. Морав да донесам одлука [да не го вклучам Озил во пријавата за сезоната] и го донесов тоа. Бев свесен за последиците. Сега треба да донесеме друга одлука во јануари, рече тренерот.

Беше објавено дека 32-годишниот Германец може да замине во Фенербахче.