Познатиот Музеј Лувр во Париз минатата година го посетиле 72 отсто помалку посетители отколку претходната година, поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.
Во соопштението на музејот се наведува дека вкупниот број на посетители во 2020 година изнесувал 2,7 милиони.
Музејот, во кој се наоѓа познатата слика Мона Лиза и други светски дела со огромни вредности, поголем дел од минатата година беше затворен поради рестриктивни мерки, воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот.