Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук го прашува премиерот Зоран Заев и власта, дали ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второ, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?
-Пред три месеци, во “Само интервју” на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија. Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини.
Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет.
Оттука, имам две прашања: првото, ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?