За Бугарија има негативна слика и навредливи квалификации во македонската свест. Република Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат Анексот со 12 точки, што ги подготвивме, изјави за НОВА-Њуз бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Според него, Македонија имала шанса да одреди датум за разговори уште во ноември минатата година, но, како што вели, не сакала да ја искористи шансата.

Бугарија не стави вето, туку едноставно рече дека Скопје не е подготвено за датум за преговори, нагласи Каракачанов.