Полицијата вчера на подрачјето на град Скопје изрече 181 мерка, од кои 36 за управување со брзина поголема од дозволената, 17 за возење без возачка дозвола, 11 за нерегестрирани и технички неисправни возила, 13 за користење мобилен телефон и пет мерки за поминување на црвено.
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот и најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Санкционирани 52 возачи за брзо возење во Охрид
Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид, при што санкционирани се 52 возачи, кои возеле со брзина поголема од дозволената.
Од МВР соопштија дека засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Во Крива Паланка 29 санкции за брзо возење
Полицијата во Крива Паланка вчера санкционираше 31 возач.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на подрачјето на ОВР Крива Паланка во текот на вчерашниот ден преземени се засилени мерки и активности во областа на сообраќајот и констатирано е дека 29 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а двајца управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Најауваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените контроли со цел да се обезбеди поголема безбедност на патиштата.
Санкционирани 112 возачи во општина Центар
Во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 112 мерки на територија на општина Центар, од кои девет се за возење без возачка дозвола, осум за техничка неисправност и нерегистрирани возила, информираат од Mинистерство за внатрешни работи.
Од МВР најавуваат продолжување на засилените сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради зголемиме на безбедноста во сообраќајот.