Повеќе од очигледно е дека полициската акција била подготвувана и планирана многу поодамна, затоа што полицајци во толкав број за обезбедување на Василичарскиот карневал е нешто што не е вообичаено, вели за „Што не е јасно“, Воислав Зафировски
Тој исто така рече дека добар ден од полициските службеници маските кои ги носеле им биле под носот, а голем дел од нив не ни носеа маски, па по тоа излегува дека оние кои треба да ги спроведуваат протоколите за здравствена заштита не го сториле тоа, наспроти нив василичарите се однесувале коректно и се држеле до дистанца и ред, а за тоа говори и изјавата на градоначалникот на Вевчани, кој изјавил дека се договориле за протокол според кој ќе биде вршен карневалот.
-Од политички причини беше присуството на полициските службеници, што укажува на тоа дека оваа акција била планирана многу порано или паралелно со василичарскиот карневал и она што се случи е непримерно, затоа што полицијата манифестира сила, на места каде не наидува на активен отпор од страна на граѓаните, каде беше таа иста полиција во Ченто кога тројца беа приведени, а 500 излегоа во сред полициски час, дали имаше некаква одговорност за тоа? – праша Зафировски.
Зафировски вели дека директорот на БЈБ како марионета на Заев и Спасовски, никогаш не излегол во јавноста да проговори за состојбите во полицијата, како и дека тој ја издал наредбата за оваа акција во Вевчани заклучи Зафировски.