Македонија со пораз го стартуваше ракометниот Мундијал во Египет. Шведска беше подобар ривал, и на крајот славеше со 12 разлика (32:20).
Македонија беше рамноправен противник само во првите 15 минути, а потоа следуваше мал пад во играта, кој Швеѓаните го искористија и дојдоа до +5 на полувреме.
Падот во играта продолжи и во вториот дел, а расположената Шведска знаеше како да казнува. Од минута во минута само ја „билдаше“ разликата за на крај таа да биде 12. Тоа, воедно беше и најголемата разлика на натпреварот.
Ване со 11 голови беше најефикасен на мечот, и ја доби награта за најдобар ракометар на мечот. Во македонскиот национален тим Кире Лазаров стандарно најефикасен со пет постигнати голови.
Следниот дуел за нашите ракометари е против домаќинот Египет, а потоа следува и дуелот со Чиле. Потребна е барем една победа за да се оди во втората фаза.