Вечерва во емисијата “Јади бурек” на ТВ Сонце потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека еден од најсупешните проекти на СДСМ, но воедно и најскапа, со парите на граѓаните, е кампањата „Сите се исти“:
-Постои огромно незадоволство кај народот, но единствениот начин да се промени власта е луѓето да излезат и да гласаат на избори. Целта на СДСМ е народот да остане дома и затоа најскапата кампања што ја води СДСМ преку медиуми и новинари кои што ги поддржуваат е кампањата “сите се исти”. Таа е најскапата кампања на СДСМ која што толку добро е организирана и скапо платена што до обичните граѓани стига како да е од некоја трета страна или некое тело формирано од самите обични граѓани. Но, оваа кампања е креирана и водена од тајни служби и луѓе кои што многу добро знаат психологија. И по мене ова е една од најуспешните кампањи на СДСМ во пи – аровскиот дел. Затоа што успеаа да наметнат кај дел од народот резигнација – не ме интересира политика, не сакам да гласам, сите се исти што е апсолутно неточно, но со сите ресурси кои што ги има власта, кои што ги краде од народот ете од тие стоки и ресурси и други трансфери што ги споменав, имаат доволно да платат луѓе кои што им се блиски, нопвинари, медиуми, за да оваа кампања вози, рече Николоски.
Но, тоа не е така, продолжи Николоски, бидејќи ниту може да се спореди Мицкоски со Заев, ниту него со било кој од СДСМ. Затоа што едноставно не се споредува.
-За Македонија е клучно прашање во иднина дали Зоран Заев ќе си оди или не. Најлошо е тоа што СДСМ сака да ја уништи ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е најлошо што може една партија да го прави, затоа што секој партија што тоа го посакува е копање гроб на самата себе или паѓање во гробот што го копале. Ќе падне и Заев во гробот што го копа, изјави Николоски.
-Затоа што наместо да се занимава со државата, како да ја оправа државата и да оди напред тој се занимава со ВМРО-ДПМНЕ веќе 4-та година. Но, тој проект нема да му успее затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу поголемо од било која власт во Македонија. И таа енергија што ја потроши на дискредитација на ВМРО-ДПМНЕ или преземање на ВМРО-ДПМНЕ преку уценети луѓе, да ја потрошеше за Македонија сега ќе имавме минимум два автопатишта, рече Николоски.