На територијата на цела Македонија ноќеска и утрово се измерени минусни температури, а најстудено било во Берово – 16 степени. Во Битола се измерени -13, во Крушево – 12, во Маврово -11, во Крива Паланка и во Виница -10, во Претор -9, во Охрид, Прилеп, Штип и Струмица  – 8, во Тетово и Куманово – 6, во Демир Капија – 5, во Скопје, Гевгелија и Дојран – 4 степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка 31 сантиметар, во Битола 17, во Маврови Анови и Крушево седум, во Охрид и Берово пет, во Претор, Тополчани и Ѓуриште четири и еден сантиметар во Крива Паланка, Тетово, Пожаране, Штип.

Времето денеска сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен претпладне. Максималната температура ќе достигне од -5 до 4 степени.

Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до еден степен.