Ракометната репрезентација на Македонија успеа да се издигне по двата порази од Шведска Египет и денеска го победивме Чиле за пласман во следната фаза.
На самиот старт од натпреварот уште во првата минута Митревски успеа да одбрани три удари на Чилеанците. Сепак и покрај неговите три гола Чиле беше репрезентацијата која го отвори натпреварот со 0:1.
Со Чиле игравме гол за гол, недостасуваше подобра игра во нашата одбрана, додека нападот беше добар. Првпат во водство стигнавме со резултат 10:9. За брзо Чиле направи пресврт и поведе со 11:12. До крајот на првото полувреме гледавме слична игра на пауза ние отидовме со 16:17.
Натпреварот беше решен кога на нешто помалку од четири минути до крајот Стоилов погоди за четири гола предност (31:27). На крајот славевме со конечни 32:29.