Двајца агенти на ФБИ се убиени, а тројца нивни колеги се поврдени со огнострелни рани кога рано утринава врз нив бил отворен во оган во местото Санрајс, во американскста сојузна држава Флорида, додека извршувале судски налог за претрес на една куќа, соопшти ФБИ, пренесоа американските медиуми.

Пукањето се случило во 6 часот утринава по локално време кога полицајците се обиделе да извршат налог за претрес издаден, меѓу другото, заради насилство врз деца, се додава во соопштението на ФБИ.

Лицето за кое бил издаден судскиот налог, исто така, е мртво.

Ниту една од жртвите засега не е идентификувана.

ФБИ соопшти дека повредените агенти се наоѓаат во стабилна состојба во блиските болници и дека е отворена истрага за пукањето.

Ова е прв голем инцидент со пукање врз агенти на ФБИ на должност, што завршува со фатален исход, во последните неколку години.