Пишува: Гоце ДЕЛЧЕВ
Здравејте човечи, северни и Македонци. Ја реших вад’н да ви пишам, на мојо роденден, да не биде кусо, оти вие денове бех зафатен. Гледам, сичките запнале сте од рано сабајле – Гоце ваков, Гоце таков. Хе, хе, гребете се, калпазани, од мојте коски… Море, море… толко цвеќе ув живото не сум видел. А фалби…!? Ја не знајах до сега каков сам, ете вие ми кажате’! И редете думи, ни јас не знам кога сум ги кажал, ама нека…!
А, знајте ли вие дека сам роден? В Кукуш! Дека е Кукуш? В Грција. Еми, ка сам ви толко омилен, зашо’ не ојте там дека сам роден, в тие урнатините да ставете некое цвеќе! Не смејте, нели? Забранет’о ви е! Аааа, зар’ди вирусо? Е, да, право сте. Оти ка не беше вирусо, искинате ги папуците одејќи в мојто место, нели?
И, знајте ли дека загинах? В Баница! А дека е Баница вад’н? Пак в Грција. И полвина коски оште ми се там. Полвина беа ископани, ја ги там в Скопје дека редете цвеќе, полвина останаа на баиро дека црквата! Клисаро не ги ископа. Еми, зашо не ојте едно цвеќе на тие коски да ставете? Нели сте сеа пријатели с Грците? Гувеете ка ќе кажат нешо. Дека е тоа от Муртино, па тоа вашио министер с ќеркичката в Холандија, дека е тоа Љубави, дека се друзите…? А, пак ли вирусо ви е проблем… Ас мислам дека не е. Стегнале сте ги бабулињата, ак’ло ви е как вие да си ја наредите работ’та, ама вад’н сите сте запнале: Гоце, па Гоце! Кажал сам воа, кажал сам тоа! Не ви срам в уста да ме клавате? Ја, па да повторам: елајте ак сте м’же в Кукуш или Баница ус цвеќе! А? Па после говорејте за мен!
Него, ај нека ми е среќен роденио ми ден! Е сеа, с вас, виде’ се мојта среќа, продадете’ ме като партал, ама нека ви е! Само, м’ка ми е ка дојде 4 сечко, вие февруар го казвате, па ка дојде 4 мај по ваше, кој стигне, в коските ми гребе. В уста ме клаве! Аман човеци, не ме бранејте толко, не ме величејте толко. Ми, едните, само преди некој месец прогласија ме за Блгарин, тие другите, од калпазано режисер Дарко Митревски, кој исплува го мојто ВМРО, много сме се кадросувале ајвано пишувише, херој направија’. Деца изгинаа’ за такви срамотилоци денеска’ да слушам и да гледам. Нели ви е срам?
И м’ка ми е, знајте за шо? Оти не става, не пуштат тука, питах и дека св. Петар, питах го и светио Павле (и неговио п’т ув Македонија дадете’ го), само на един саат да се врне мојто време, па ас и Ќосето да ви направеме некое кадро за такви мајтаплуци с нас и с нашто ВМРО. И јаска да ви кажам кој е бил Блгарин, а кој не! ‘Бави тоа глупавите’! Сичките сте станале „шаре’ни“ бабулиња! Сончогледо врте се, ама од него зејтин излева. А од човеците сончогледи? И да ви кажам: нема место на воа свет за толко шарени!
И видам, сите сте там доле с много ак’л. Арно. Много арно. Ама, после дојде ми мисла: ак сте толко много паметни, зашо државата ви ја воде тоа Заев? Нели човеко не го бива, нели не е сосем ус главата арен! Смеете му се, а човеко ве возе толко години, заебаве се сос мене, ај сос мене, ама сос цела држава, и вие гледете го и ништо. Тргна го Ќосето, дума не смеете да кажете. Па си велам: верно е дека сте сос много ак’л, оти паметни човеци не се расправат сос такви като Заев. Оставејте го до крајта да ја урнисе работ’та. Продолжејте така, оти само така сте на правио п’т. Ама мене в уста не ме клавајте!
Е, и до дека стигна таа работ’та сос историјата? Тргнате ли ја од школто? Гледам и за тоа сос полвина уста кажувите по некоја дума. Ја сос полвина, ја ус четвртина. Мирисе ли ви устата, з’бите ли ви се расипани, не знам, ами и да е така’, одејте на еким за з’би, пари не сте кусо, па после отворејте таа устата бе! Да ве чуе народо! Ама и направејте нешто, веќе не е само до дума!
Ја, направиле сте седница за тоа с’с исушената рака. И направите’ му услуга на тоа дет’то од Велес. Излезе десет минути, поклопи ги и комунистите и мојте вмровци. Ама пак, викам си, ако ви е арен тоа режисеро Дарко Митревски шо пљува по нас, да излева на „нашта“ телевизија, зашо’ да не ви арно и воа дете? Воа барем има ак’л. За разлика од тија ваш’те шо ви влеват в дебел’то месо: режисере, новинаре…
Е, сеа, гледам, фанало ве страх од него, от тоа дет’то од Велес, чунки тоа дете ќе ви земе гласове, ама пак, станале сте като свекрви’: застанале сте на плот и цел ден думи, а ручеко загорен, собите ус прашина…. Ееееј, удрејте се малко. Вие ваш’та работа си ја наредите’, ама ваа работа не оде така’. А, за дет’то кажувах ви на времето, ама нели вие ус много ак’л сте. Та комунисти, та вмровци!
Гледам, фанала ви ја таа вашта Северна Македонија и некој вирус. Ама па, сите вакцинират, вие не! Е сеа, објаснејте ми: од тоа министеро-еким, направите херој; трети беахте по умрени в Европа, а вие песни му пеате. На тераси ус рачичките му плескаате. Ах, бре комуњари, човеци без ак’л. Ами, па, мојто ВМРО полвина година не го спомена’ човеко. Забравите му името ли? А вика се Венко Филипче. Умреа човеците…, вакцини нема…!
Е, а ка ќе стигнат, една молба од мен: ако дојде таа кинеската или руската, ставејте од них една на Шеќеринска. Не и давајте американска. За мајтап! Ше далдисе жената.
А, инак, ни на таа Шеќеринска, ни на таа Царовска им требе вакцина. Дека них не може да вирее вирус. Отрува се! И од них бива лек да се направе. Земајте, брис ли, крв ли, од двете, и направјте анти-вирус лек. Ја ви бизнис за таа вашта Северна, никој нишо да не работе, и, шо би кажал тоа вашио Заев – одозгора на тога, ја и некој аир од двете жени да се виде.
Е, и да ви кажам оште нешто: воа апашлук на ваа влада не сам го видел. Турците ув мое време крадеа од човеците, соголеа ги, ама и оставаа по нешто. Воа дека вас и у турско го немало. А, ние па мислааме нема полошо од нашто, па земаме пушка. И бориме се. Наместо да ојме на Халкидики. Като вие сеа, до дека не ви дојде воа вирусо. И одиме по шумите, за сеа ваште мрсници да викат дека много сме се кадросувале… Е, ама воа апашл’к шо го прават па тие друзите, не се мере. Ама, чине ми се па, арно ви е!
Ај, останејте ми ус здравје. Одам јас, Јанка торта ми праве, да апнам некое парче, ракија да испијам. И да ви се смеам, оти до вечер, нема мир да имам ут вас: Гоце воа, Гоце ноа… Тие па на малио од Стојменчето Борисов и слика ми туриле на телевизоро. Цел ден. Чеки да видам виа на малио Ѕинго… Нема… Комуњарте и вмровците, немат исто… Арно. Оти едно да ви кажам: Ај манајте ми се сите…!