Вицепремиерот и министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов неодамна во едно свое гостување на новинарско прашање одговорил кој е условот Македонија да стане дел од европското семејство.
Имено тој открил дека Македонија би била дел од ЕУ само доколку стане албанска провинција или пак да се приклучи кон Бугарија.
-Има иднина, јас сум зборел со повеќе скопски политичари и им кажувам дека имаат две алтернативи, едната е за 20 години да се приклучат кон Албанија и да станат албанска провинција, а другата е европска интеграција нормално во рамките на една бугарска држава.
Всушност, Каракачанов ја открива заднината на двата договора со историскиот контекст во нив: Македонија да се откаже прво од своето видување на антиката, а потоа и од своето видување на историјата до 1944 година.
Таквата Македонија, со промената Преамбула, со член 1 од Уставот кој лебди во воздухот, и со Тиранската платформа, држава во која не постои основен народ како столб на државата, туку таа е творба на неколку етнички заедници, од кои најголемата е вештачки создадена по Втората светска војна, може како иднина да има само една од двете варијанти што ги споменува Карачанов: или ќе биде дел од Бугарија или од Албанија. Недостасува третата варијанта, а таа е припојување на западна Макеоднија кон Албанија, а другиот дел кон Бугарија. Толку е едноставно.