Кристијано Роналдо вечерва со гол придонесе во триумфот на актуелниот италијански првак Јувентус над Рома од 2:0 во дерби натпреварот од 21 коло во Серија А.
Португалскиот напаѓач, кој вчера го прослави својот 36 роденден, беше прецизен во 13 минута, пред бразилскиот дефанзивец Ибанез со автогол во 69 минута да ја потврди победата на Јувентус.
Со вечерашниот погодок Роналдо стигна до бројката од 16 голови, предводејќи ја листата на најдобри стрелци во италијанското првенство, пред напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, кој засега има постигнато 14 голови.
Со вечерашниот триумф Јувентус ја прескокна Рома на третото место на табелата со 42 бодови, пет помалку од лидерот Интер, кој има одиграно натпревар повеќе.е