Паричникот на Пол Гришам, 91-годишен поранешен воен метеоролог од Сан Диего, му беше вратен по 53 години откако го изгубил на Антарктикот.
„Бев шокиран“, изјави Пол Гришам за медиумите, откако паричникот паричникот му беше вратен вчера.
„Голем број луѓе се вклучија за да ме најдат“, додаде 91-годишниот старец, кој го изгубил паричникот во 60-тите години на минатиот век, за време на мисијата на воениот метеоролог од 13 месеци на најстудениот континент.
Во паричникот имало лична карта, возачка дозвола, потсетник што треба да се стори во случај на атомски, хемиски или биолошки напад, ваучер за пиво, даночна пријава и сметки.
Гришам, роден во Аризона, се пријавил во Армијата во 1948 година и бил испратен на Антарктикот во 1967 година, како дел од операцијата „Deep Freeze“. Тој бил во триесеттите години, оженет и татко на две деца.
Во еден момент од мисијата, на која не бил наклонет, изгубил паричникот и подоцна го заборавил. Паричникот е пронајден во 2014 година позади шкафче, за време на рушење на зграда на станицата МекМурдо на островот Рос.
Во пронаоѓањето на сопственикот, се здружиле голем број луѓе, кои тоа го постигнаа по пат на електронска пошта.
Fifty-three years after retired Navy meteorologist Paul Grisham of San Diego spent 13 months working in Antarctica, the wallet he lost on the frozen continent was finally returned to him on Saturday. https://t.co/jH6Rmo0GtA pic.twitter.com/PDqpn1q7uK
— San Diego Union-Tribune (@sdut) February 4, 2021