Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска во синоќешното гостување во ТВ 21 ја обвини опозицијата за тоа што власта во Македонија нема набавено вакцини против Ковид-19.
– Ако вие во периодот од 2012 до 2015 година, поради криминалот што го правевте и паралелниот увоз на лекови, и не ја избркавте Астра Зенека од државата, сега ќе имавме вакцини, рече Петровска.
Таа за проблемот дебатираше со пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, која пак и одговори:
– Не се вадете, четири години сте на власт, една година сме во пендемија. За немањето вакцини одговорни сте само вие, одговори Стојановска.