Трет ден по ред, бројот на нови случаи на коронавирус се зголемува во Франција, а министерот за здравство, Оливие Веран, предупредува дека тој тренд не е добар знак.

Според податоците на Министерството за здравство за вчера, во последните 24 часа биле заразени уште 22.371 лице, а починале 183 пациенти.

Веран рече дека трендот на податоци во последните неколку дена не е добар и дека Франција ќе донесе одлука за заострување или олеснување на рестриктивните мерки, особено на местата на медитеранскиот брег.