Во германските медиуми објавен е планот на канцеларката Ангела Меркел за отворање на економијата, јави Дојче Веле.

Меркел на онлајн конференција со членовите на парламентарната група ЦДУ/СЦИ изјави дека отворањето мора да биде „внимателно и постапно“ ако земјата сака да избегне ново затворање.

Според неименувани извори Меркел стравува од пораст на новозаболени од Ковид-19 во случај  на пребрзо отворање.

Таа истакна и дека намалувањето на рестриктивните мерки би требало да се одвиваат во три фази.

Првата фаза би била намалување на рестрикциите што се однесуваат на личните контакти помеѓу домаќинствата, а потоа би се отвориле училиштата и спортските објекти. Третата фаза би било отворање на рестораните и културните институции.

Според германските медиуми, еден од главните приоритети би било вакцинирањето на наставниците и воспитувачите во градинките. Градинките и училиштата од понеделникот отворени се во 10 германски покраини.

Германија е во „локдаун“ до 7 март.