Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини сака да ја донесе на „Сан Сиро“ ѕвездата на Лацио, Чиро Имобиле.
Според „Fichajes.net“, 31-годишниот Италијанец ќе биде една од главните цели на Милан во летниот преоден рок.
Оваа сезона, Имобиле одигра 27 натпревари на сите натпреварување, постигна 19 гола и направи четири асистенции.
Милан по подолго време се наоѓа во ситуација да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона и затоа уште од сега размислува за засилувања.