Додека народот ги чека вакцините од премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче во Делчевско е „отворена ординација“ за спас од коронавирусот под отворено небо, објави локалната ТВ М-Нет.
Според ТВ, „лекот“ на сон му се јавил на еден 70-годишен ѓител на Делчевско, па „ординацијата“ е отворена, па прво „доза“ примиле неговите блиски, а набргу почнале да доаѓаат луѓе од целиот регион.
Ова е уште еден доказ дека во недостиг на вакцини и соодветен медицински третман, луѓето прибегнуваат кон „алтернативна медицина“ полна со дози од празноверие.