Скандалот со амбасадорувањето на Љубомир Фрчкоски во САД го најави уште на 8 февруари Мето Коловски со својот пост на ФБ.
Навистина Коловски не ја споменува лустрацијата, но сега се гледа дека кога се ќе се собере на куп за ликот и делото на Фрчкоски, на виделина го имаме еден од најголемите скандали во историјата на Македонија како држава, сеедно што конкретната причина за „Леси останува дома“ не ни е позната. Но, Американците очигледно немаат проблем кога таквите како Фрчко ќе одработуваат за поддршка на тип како Заев со цел смена на името, но и премногу се умни за да дозволат истите типови да им газат по почвата.