За неносење маска, полицијата вчера изрекла вкупно 659 казни на територијата на целата држава, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.