Австриските власти го прекинаа вакцинирањето со серија вакцини КОВИД-19 на АстраЗенека како мерка на претпазливост додека истражуваат смрт на едно лице и болест на друго, соопшти здравствената агенција на Австрија во неделата, а пренесоа агенциите.
„Федералната канцеларија за безбедност во здравствената заштита (БАСГ) доби две пријави во временска врска со вакцинација од иста група на вакцини АстраЗенека во окружната клиника Цветл во покраината Долна Австрија“, се вели во соопштението.
Една 49-годишна жена починала како резултат на сериозни нарушувања на коагулацијата, додека 35-годишна жена развила белодробна емболија и се опоравува, се вели во соопштението. Белодробна емболија е акутно заболување на белите дробови предизвикано од дислоциран тромб.
Поедноставно кажано, се создал тромб кој за среќа на жената, наместо во крвните садови кон срцето или мозокот, застанал во белите дробови. Смртоста во ваквите случаи е околу 30 отсто, останатите имаат шанса да се опороват.
Но, „во моментов нема докази за каузална врска со вакцинацијата“, соошштиле од БАСГ.
Австрискиот весник Niederoesterreichische Nachrichten, како и радиодифузерот ОРФ и новинската агенција АПА објавија дека жените биле и медицински сестри кои работеле на клиниката Цветл.
БАСГ соопштиле дека згрутчувањето на крвта не е меѓу познатите несакани ефекти на вакцината. Сепак, Агенцијата ја спроведува својата истрага а целосно да се исклучи каква било можна врска.
„Како мерка на претпазливост, преостанатите залихи на погодената серија вакцини веќе не се издаваат или вакцинираат“, се додава во него.
Портпарол на AstraZeneca изјавил: „Нема потврдени сериозни несакани дејства поврзани со вакцината“, додавајќи дека сите серии подлежат на строги и ригорозни контроли на квалитетот.
Досегашните испитувања и реалното искуство укажуваат на тоа дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека е одобрена за употреба во повеќе од 50 земји, рекол тој.
АстраЗенека исто така рече дека е во контакт со австриските власти и дека целосно ќе ја поддржи истрагата.
Регулаторите на Европската унија на крајот на јануари го одобрија производот, велејќи дека е ефикасен и безбеден за употреба, додека Светската здравствена организација (СЗО) кон средината на февруари го наведе производот за итна употреба.