Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје санкционираше 180 возачи, од кои 36 за непочитување на брзина на движење, 17 за возење без возачка дозвола и пет за возач почетник.
Изречени се и 18 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за управување под дејство на алкохол, шест за некористење сигурносен појас и 49 за непрописно паркирани возила.
Како што информираат од МВР, засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.