Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ се проби на 11. место по број на остварени трипл-дабл на на вечната листа во историјата на НБА-лигата.

Словенецот по натпреварот одигран ноќеска против Сан Антонио (115:104), се израмни со играчот на Бостон селтикс, Боб Кузи, со 33-от трипл-дабл во кариерата во лигата.

Дончиќ мечот со Сан Антонио го заврши со 22 поена, 12 скока и 12 асистенции.

Лидер по бројот на трипл-дабл ефекти во историјата на НБА е Оскар Робертсон со вкупно 181.