Нови 1031 случај на Ковид 19 од направени 4.373 тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, речиси половина се во Скопје – 492. Починати се 20 пациенти на возраст од 50 до 93 години.

Министерството за здравство соопшти дека од новите случаи, 64 се во Прилеп, 53 во Кавадарци, 47 во Велес, по 45 има во Тетово и во Гостивар, 31 во Охрид, 30 во Битола, по 29 во Куманово и Неготино, 25 во Гевгелија, 20 во Струмица, 16 во Штип, 13 во Струга и 12 во Берово. Едноцифрени бројки на новозаболени има во Радовиш и Крушево каде се евидентирани по девет случаи, во Кочани – 8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Демир Хисар – 4, Кратово – 3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2. По еден нов случаи има во Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран.

Од вкупниот број починати, девет пациенти се од Скопје, тројца од Прилеп, по двајца од Битола и Велес и по едно починато лице има од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите се починати во болнички услови.

Од МЗ информираа дека оздравени се 241 пациент и тоа од Скопје – 152, Гевгелија – 20, Велес – 15, Куманово – 14, Гостивар – 13, Битола – 9, Штип – 6, Ресен – 4, Валандово – 3, Струмица – 2, Кичево, Радовиш и Свети Николе – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.