Европската унија официјално ја исфрли вакцината Спутник В, прогласувајќи ја за непожелна.

Но, како што објавија повеќе медиуми, далеку од очите на јавноста, Брисел ќе се сврти кон употреба на руската вакцина бидејќи мора да спроведе имунизација на 450 милиони граѓани во ЕУ и да го врати животот во нормален тек.

Официјален претставник на ЕУ, кој учествува во преговорите за набавка на вакцини со фармацевтски компании, рече дека владите на земјите-членки на ЕУ размислуваат да започнат преговори со производителите на Спутник В врз основа на барањето на четири земји-членки.

Станува збор за Унгарија и Словачка, кои веќе набавиле руски вакцини, Чешка, која изрази интерес, а европските власти потврдија дека и Италија планира да започне со производство на Спутник во својот најголем биореактор во фабриката Реи Тера во близина на Рим.

Европската агенција за лекови досега одобри употреба на вакцини од четири производители, но имунизацијата во ЕУ се одвива бавно поради недостатоците во производствениот процес.

Според Ројтерс, ако Спутник В се одобри и во ЕУ, тоа ќе биде голема дипломатска победа за Русија, која веќе една година е под трговски санкции од Брисел поради припојувањето на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина.