Заменикот на министерот за внатрешни работи, Назим Буши, денеска си ја доопремуваше својата луксузно уредена канцеларија.
Во македонското МВР, на чие чело е министерот Оливер Спасовски, Буши го овековечи моментот во кој во канцеларијата си поставува обележје на УЧК. На гравираниот на дрво предмет, освен знакот и името на УЧК е напишано и името и презимето на заменикот на Оливер Спасовски, објави порталот Курир.