„Епидемијата има продолжување“, изјави францускиот премиер Жак Кастекс пред Националното собрание, точно една година откако Емануел Макрон го нареди првото затворање на земјата, јави дописникот на МИА.

Франција влезе во „трет бран на епидемијата на коронавирусот, која се карактеризира со бројни варијанти“, нагласи при обраќањето пред пратениците премиерот Жан Кастекс, ставувајќи ја вакцинацијата „во првите редови на стратегијата за контрола“.

Откако неколку секунди молчеше за околу 90.000 мртви од Ковид-19 во Франција, на покана од претседателката на социјалистичката група, Валери Работ, премиерот повика да се „почитуваат повеќе од кога и да е елементарните гестови кои веќе една година ја гарантираат солидарноста пред прогресијата на пандемијата “.

Епидемиолошката состојба во земјата е навистина напната во неколку департмани, каде службите за интензивна нега во болницата се на прагот на преполнетост.

Запрашан што владата планира да стори за да спречи земјата да не се удри во ѕидот шефот на француската Влада изјави дека „очигледно би ја ставил вакцинацијата во првите редови на оваа стратегија за борба. Знаеме дека масовната вакцинација ќе ни овозможи да излеземе од тоа“.