Поранешниот директор на фондот за здравство, Ден Дончев заедно со вработени во оваа институција и вработени во приватна болница е под истрага за наводни злоупотреби тешки неколку милиони евра.
Според првичните и се уште неофицијални информации, МВР во моментов спроведува претреси на десетина локации во Скопје, Тетово и Куманово под сомнение за повеќе кривични дела како злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.
Според истите извори, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата. Утрово, Министерот за здравство објасни дека станува збор за очна болница која двојно ги наплаќала операциите на очи. Тие истовремено наплаќале и од пациентите и од фондот за здравство.
До овој момент МВР само ја потврдува акцијата без многу детали. „Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР вршат претреси на повеќе локации низ државата, во координација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, во рамки на истражен процес за финансиски злоупотреби во дел од здравството. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста“ – се вели во краткиот допис на МВР
Двајца мажи на возраст од 40 и 22 години биле приведени во Врапчиште, откако полицијата при контрола на такси-возило пронашла дрога и предмет со остатоци од кокаин.
Случајот се случил на 28 октомври околу 17 часот, кога мобилниот тим „Task Force“ запрел такси со гостиварски регистарски ознаки во кое се превезувале двајцата мажи.
При извршениот преглед, кај 40-годишниот К.С. од Гостивар била пронајдена и одземена марихуана, додека кај 22-годишниот Н.Б. од селото Врбјани бил пронајден предмет со остатоци од кокаин.
Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот се очекува да следуваат соодветни поднесоци.




