Говорејќи им на пратениците од опозицијата во Собранието, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е чудно како успеваат да слават пораз.

Мицкоски се осврна и по повиците на опозицијата за етничко гласање во недела.

-Кога бев во Теново, видов два Божји храма, една џамија и една црква, една до друга. Видов како муслиманите и православните христијани се ракуваат и се прегрнуваат пред да влезат во своите храмови, затоа што се соседи, затоа што живеат заедно. По првиот круг од изборите, луѓе од вашата коалиција повикаа на етничко гласање. Од ВМРО-ДПМНЕ никој не повика на такво нешто. Напротив, мојата порака беше јасна: Ќе сакаат да ве делат по етничка основа. Немојте да дозволите, рече премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница.