Манчестер сити синоќа ја победи Борусија Менхенгладбах во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите со 2:0. За тренерот на „граѓаните“ Хосеп Гвардиола, оваа победа беше 82. во елитното фудбалско натпреварување. Во оваа статистичка категорија Гвардиола се искачи на четвртото место, престигнувајќи го сегашниот кормилар на Тотенхем, Жозе Мурињо.
Само три тренери извојуваа повеќе победи од шпанскиот стручњак во Лигата на шампионите: Арсен Венгер (86), Карло Анчелоти (89) и Алекс Фергусон (102).
Манчестер сити се пласираше во четвртфиналето на турнирот, а Гвардиола може теоретски да дојде на третото место во победи оваа сезона ако победи во две четвртфиналиња и две полуфиналиња, како и во финалето.