Европското соседство и проширувањето на ЕУ биле темите за кои разговарале европскиот комесар Оливер Вархеј и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во нивниот телефонски разговор по иницијатива на комесарот, јави дописничката на МИА од Атина.

За телефонскиот разговор, преку Твитер, објави и грчкото МНР и министерот за надворешни работи на Грција.

-Телефонски разговор со ЕУ комесарот Оливер Вархеји, по негова иницијатива за да разговараме за прашањата поврзани со европското соседство и проширувањето со оглед на рестрикциите наметнати од пандемијата, напиша Дендиас на Твитер.