Најмалку три лица загинаа, а повеќе од илјада се повредени при прескокнување огнови и во огнометот по повод годишниот фестивал на огнот во пресрет на иранската Новата година, објавија утрово државните медиуми.

Од 1.030 повредени, 87 лица изгубија екстремитет при рачно подготвен огномет и импровизирани експлозивни направи, изјави шефот на Националната служба за итни случаи Пирхошеин Куливанд за државната телевизија

Куливанд рече дека три лица загинале за време на прославата, која започна во вчера во самрак и продолжи длабоко во ноќта.

Многумина ги игнорираа владините предупредувања против собири во таа блискоисточна земја најтешко погодена од пандемијата на Ковид-19.

Полицијата уапси 25 лица во главниот град Техеран.

Древниот зороастриски празник Чахаршанбе Сури се слави во пресрет на последната среда на иранскиот календар.

Фестивалот сè уште е многу популарен како национална традиција, и покрај презирот на тврдокорните исламисти кои го сметаат за пагански обичај.