Т.н. Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржал состанок на кој биле разгледани нивните подготовки за нелегалниот конгрес закажан за 28-ми март во Скопје.
-Заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес. Иницијативниот одбор навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин, се наведува во нивното соопштение.
Како дел од овој т.н. Иницијативен одбор се вбројуваат лица блиски до Сашо Мијалков. Откако тој е во притвор, беше јасно дека од т.н. конгрес нема да има ништо.
Предводниците на иницијативата Ивица Коневски, Филип Петровски и Борче Стамов веќе две недели се отсутни од јавноста. Единствено т.н. министер Смрт, Никола Тодоров, преку колунми одработуваше за пуч во ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со откажување на таканаречениот вонреден конгрес на иницијативата Мериот, ВМРО-ДПМНЕ го истакнува следното:
Уште една инвестиција на Заев пропадна.
Уште еден пораз за тоа да се инсталира контролирана опозиција.
Ова е и најголем доказ дека ВМРО-ДПМНЕ пактови со криминал не прави но и дека луѓе кои уценети одработуваат за Заев не може да бидат иднина. ВМРО-ДПМНЕ е реформирана и прочистена партија од компромитирани кадри кои решија да му служат на Заев.
Ништо од приказните и лагите дека имале мнозинство делегати па дека нив им била намерата да направат промени во опозицијата со тезата Заев е добар, а ВМРО-ДПМНЕ не чини.
ВМРО-ДПМНЕ е отворено за сите чесни и добронамерни луѓе и единствена цел останува пораз на Заев и одговорност за неправдите и криминалите. Македонската пролет доаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.