Aлександар Трајков, викан Сашко Сали, телохранителот на Зоран Заев е едно од десетината лица кои беа посочени дека денеска во Струмица брутално претепале маж со тупаници, клоци и со палка.

По овие објави, тој се огласи на својот Фејсбук профил, каде демантира дека бил вмешан во инцидентот.

-Во врска со насловите и шпекулациите пласирани од некои портали, дека сум вмешан во тепање на лице, одговорно тврдам дека не сум бил дел од таквите случувања. Попатно, распрашувајќи се за настанот, добив информации дека “нападнатите лица“ на видео снимката не биле само двајца туку биле 20-тина души од село Баница. Истите претходно извршиле напад на вработени во Казино со дрвја, камења и ладно оружје, напиша тој на социјалните мрежи.