Во пресрет на утрешниот конгрес на СДСМ, на кој треба да се избере лидер на партијата денеска во сите 80 општински организации гласаат болните и немоќни лица. Гласањето е почнато во 8 часот и ќе трае до 19 . Гласањето се врши на 237 избирачки места.
Централната изборна комисија соопшти дека право на глас ќе имаат 68. 999 членови. Ова се први внатрепартиски избори на СДСМ. И покрај пандемијата и зголемениот број заразени, партијата уверува дека гласањето ќе биде безбедно почитувајќи ги сите протоколи за заштита.
Обезбедени се паравани за гласање и дезинфекциски средства, а членовите на СДСМ ќе гласаат со електронска картичка. Единствен канидат за претседател е Зоран Заев кој од своите сопартијци ќе побара нов трет мандат.
Заев ќе има право да го предложи заменик претседателот на СДСМ. Новите органи на партијата, Централниот и Надзорниот одбор ќе се бираат на Конгресот на 16 мај.