Кина до денеска вакцинираше 70 милиони луѓе против Ковид-19, објавија државните медиуми, повикувајќи се на Националната здравствена комисија.

Од февруари, првиот локален пренос на вирусот во Кина е забележан кај една вработена во болница. Таа примила две дози од вакцината помеѓу јануари и февруари, објавија кинеските медиуми.

Пациентката, идентификувана како Лиу, работи во карантинска болница во градот Ксијан од 4 март. Претежно била ангажирана за собирање примероци од луѓе во карантинот, кои биле тестирани на конавирус, пишува државниот весник „Хелт тајмс“.

Кина во моментов располага со четири домашни вакцини против Ковид-19 за јавна употреба, а петтата вакцина е одобрена за итна употреба.