Бугарскиот премиер Бојко Борисов, за време на неговата посета на градот Силистра, североисточна Бугарија, го коментираше случајот со откриената група за шпионажа, која пренесуваше информации за Бугарија, ЕУ и НАТО на Русија, јави дописникот на МИА од Софија.

Уште еднаш, тие треба да се прогласат за непосакувани руски дипломати и со вчерашната операција повторно им се обраќам на нивните водачи – да престанат да шпионираат во Бугарија. Дружбата е дружба, рече Борисов.

Дописникот на МИА од Софија јави дека Борисов коментирал дека „Бугарија има добро партнерство со Русија во повеќе области, но оваа активност на шпионажа мора да престане“.

Премиерот на Бугарија им честиташе на Јавното обвинителство и на службите за сработеното и изрази изненаденост од големиот „молк“ на другите институции во Бугарија, имајќи предвид дека претседателот Румен Радев сè уште не го коментирал случајот со откриената руска шпионска група во Бугарија.

Борисов посочи на неоспорната евроатлантска ориентација на Бугарија и потсети на „огромната работа што ја направи владата за диверзификација во сферата на енергетиката и воената опрема“.

Во градот Силистра, бугарскиот премиер Борисов го посети обновениот ферибот со Романија.

Според него, пред траектот да биде обновен, над 200 камиони поминувале низ градот секој ден.