Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах очекува неговиот тим да го подобри пласманот до крајот на сезоната во Премиер лигата.
– Задоволен сум од нашите резултати на последните натпревари, се надевам дека можеме да продолжиме да победуваме. Тешко е за сите нас поради моменталната ситуација и нашето место на табелата во Премиер лигата, но верувам дека сè ќе се реши. Ние одиме добро во Лигата на шампионите.
Не сакам да разговарам за мојата игра оваа сезона, бидејќи ние сме тим, па затоа би рекол дека сите имаме тешка сезона. Треба да одиме напред и да се обидеме да победиме на натпревари. Ќе дадеме 100% на следните натпревари и, се надевам, ќе можеме да продолжиме да прикажуваме добри изданија во Лигата на шампионите, истакна Салах за официјалната веб-страница на Ливерпул.
Оваа сезона, Ливерпул е на 7. место на табелата во Премиер лигата со 46 бода на 29 натпревари. Првото место го зазема Манчестер Сити, кој има 71 бод.