За власта на Заев е нормално да организира попис среде епидемија во која само од почетокот на месец март има над 17 илјади нови заболени и скоро 400 починати од КОВИД-19, се вели во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Во услови кога речиси сите европски земји ги одложија своите пописи, владата на Заев ќе организира попис со над 15 илјади активни случаи на заразени. Заев ја турка Македонија во епидемиски неконтролиран пожар, само заради каприц и политички хир. Ова веќе не е статистичка туку политичка операција на Заев кој е тотално одлепен од реалноста. Уште еднаш да предупредиме дека 5.500 попишувачи, ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. Голем број од нив може да бидат асимптоматски, а да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални. Ако Зоран Заев е спремен и по цена над две илјади изгубени животи да оди на попис, Македонија не е, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ: