ЉУПЧО ЦВЕТАНОВСКИ

Што ако Милески???
Прво – не им личи да возат. Нит се моторџии, нит ќе бидат. Не им личи и затоа што дента умреа над 30 луѓе од корона, нешто што сурушите кои треба да се грижат за здарвјето на нацијата се задолжени да го спречат, ама тие си возеа правејќи мачо-финти кои не им прилегаат на лигушите. Моторџија подразбира слободен дух, што чедава северџански го немаат ни за лек. Ко вакцините, исто…
Второ – затоа што додека тие аздисуваа по Малешевијата, пола Македонија ко гревови отиде во Србија. Голем дел исто така сакале да возат, да се рекреираат, да се посветат на семејствата, ама поради Зае и Филипче и нивната неспособност се изнадаваа пари за да одат до Белград и Ниш и да живеат и преживеат поради нечија добрина, не Заева и Филипчева…
Трето – од морални причини, да знаеја што е етика и одговорност, немаше ни да им падне на ум да возат додека некој ги обезбедува, а други (35) умираат во болница.
Четврто – ние моторџиите најдобро го знаеме ќефот на возење мотор, ама функциите и водењето држава среде пандемија (здравствена и национална) си повлекуваат други одговорности, нели…
И петто, спинов ти е мнооогу евтин, иако претпоставувам дека за бранењето на двајцава биљмези (вториот ЗЗ го спрема за заменик му во СДССС) ко партија ќе ќарите барем уште едно директорско место, или некој заменик-министер, уууу, јако. На здравје нека ви е. И онака, тоа е најбитно за сателитите кои учествуваа во промената на името, двојазичноста, уставот…