Со инвестицијата во проектот „Александруполи“ ја обезбедуваме македонската енергетска иднина, се исканува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ.

Го објавуваме целото соопштение од „Бихаќска“:

Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори со цел обезбедување на чисти, еколошки енергенси и зголемување на енергетската независност.

Со потпишаниот Меморандум за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Република Грција, Република Северна Македонија ќе земе учество проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри.

Согласно договорот нашата држава учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во „Александруполи“ која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра. Предвидено е да учествуваме и со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал.

До 2023 година е планирано да бидат ставени во употреба и гасниот терминал и гасната станица.

Благодарение на овој реален капитален проект власта предводена од СДСМ создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, од каде гасот понатаму ќе се дистрибуира во регионот.

Природниот гас е исклучително корисно гориво бидејќи неговата употреба има широк опсег, и тоа во домаќинствата, во индустријата и сообраќајот, но и за производство на електрична енергија и топлина.

Гасификацијата е важен сегмент за одржување на економската стабилност, и за граѓаните и за компаниите, како и за животната средина.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување одговорни државнички политики во делот за енергетската ефикасност со цел обезбедување на поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух за сите.

Центар за односи со јавноста на СДСМ