На состанокот на потписниците на иранскиот нуклеарен договор, што е најавен за следната недела, Иран ќе ги отфрли сите индиректни преговори со САД.
„Според непроменливите насоки на иранскиот врховен лидер,нема да биде прифатлив каков било резултат (од комисијата за нуклеарен договор) што ќе се темели на идејата за постепено укинување на санкциите или индиректните преговори со САД“, изјави неименуван извор, што го пренесуваат британските медиуми.
Иран и клучните светски сили треба во вторник да се состанат во Виена за да ги продолжат преговорите за нуклеарниот договор во 2015 година, со цел јасно да ги идентификуваат мерките за укинување на санкциите и да се спроведе нуклеарниот договор.