Норвешка ја продолжи забраната за вакцинирање со АстраЗенека до 15 април, соопшти во петокот Норвешкиот институт за јавно здравје (ФХИ).

Властите на 11 март го прекинаа вакцинирањето со низа други европски земји откако мал број помлади вакцинирани лица беа хоспитализирани поради комбинација на појава на тромбови, крварење и мало количество тромбоцити, од кои некои подоцна починаа. „Ни требаат повеќе информации и повеќе сознанија за да донесеме заклучок“, изјавила за Ројтерс, Сара Виксмоен Вотл, постар лекар во ФХИ. „Сега имаме повеќе објаснување зошто пациентите ги добија овие симптоми … Но, сè уште не знаеме дали е предизвикано од вакцината. И, ако е предизвикана од вакцината, зошто?“ Норвешка е една од над десетина европски земји кои го суспендираа вакцинирањето со АстраЗенека против САСР КОВ 2 односно Ковид 19, иако повеќето европски држави, неколку дена по суспензијата ја продолжија употреба по совет на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Освен во Норвешка, вакцинирањето останува во мирување и во Данска, додека другите нордиски земји го користат само за постари возрасни групи. ЕМА соопшти дека придобивките од вакцинирањето се поголеми од можните ризици. Светската здравствена организација исто така го поддржа тој став.

Всушност нивниот став се базира на тоа дека од 100 заразени со САРС КОВ 2, процентот на починати ќе биде поголем од процентот на лица кои би починале ако истите се вакциинирале со АстраЗенека.

Тие не ги негираат здравствени и смртните последици од вакцината, туку велат дека компликациите ќе бидат во помал процент отколку доколку истиот број лица би се заразил.

Наспроти тоа, АстраЗенека соопшти дека прегледот на безбедносните податоци од над 17 милиони луѓе инокулирани во Велика Британија и Европската Унија не покажале докази дека вакцината го зголемува ризикот од згрутчување на крвта.

Норвешка пријави пет случаи во кои здрави приматели на вакцината биле примени во болница со комбинација на згрутчување на крвта, крварење и ниски тромбоцити, од кои тројца починале. Локалните здравствени власти сметаат дека индивидуите развиле антитела во имунолошки одговор, кои стимулирале крвни тромбоцити кои за возврат создавале тромби, а подоцна, го намалувале бројот на тромбоцити.

Прашањето е што го предизвика ова. „Ако е вакцината, кој дел? Дали е тоа вектор на вирусот, протеинот на шилецот, комбинација или ниту едно од тоа?“, се запрашува Виксмоен Вотл. „И ако е, дали постојат одредени групи во популацијата со зголемен ризик од вакво заболување?“ Властите сакаат да обезбедат темелен процес, за Норвежаните да ја задржат својата доверба во програмата за вакцинација. За разлика од Македонија, таму не сакаат со пропаганда д аги убедуваат луѓето дека вацината е безбедна, туку сакаат тоа д аго направат со факти.  За време на паузата, Норвешка ќе продолжи со своите истражувања, чека нова проценка од страна на ЕМА и ќе бара повеќе случаи на пациенти дома или во странство. Инаку, покрај неодамнешниот пораст на случаите на позитивни со САРС КОВ 2, Норвешка има најниски стапки на инфекции во Европа во пандемијата.