На новинарско инсистирање на денешната прес конфереција, при соопштување на новите рестриктивни мерки, да каже дали ќе има некаква одговорност за лошите проценки, Заев рече дека апсолутно тука не гледа никаква одговорност, бидејќи со барањето одговорност ситуацијата апсолутно нема да се промени.
„Кажете каква одговорност, нема проблем, еве потенцирајте – Заев да си поднесе оставка, Венко да си даде оставка, кој да си даде, доктор Илир, доктор Милена, доктор Лилјана од Струмица, кој? Кажете ја слободно оставката ако ја барате. Не е проблем оставката. Горчина е насекаде во душите. Нашиот здравствен персонал и сите здравствени експерти прават повеќе од тоа што е возможно и тоа што се очекувало од нив и апсолутно нема потреба никој од здравствениот аспект да понесе никаков вид одговорност. Тоа се нашите херои, сите – од министерот за здравство, заменикот, па до последниот здравствен работник или администрација што им помага на здравствените работници во тој дел“, рече Заев.